Македонија
11. August 2021 - 13:25

Груби: Процесите на Охридскиот Договор имаат почеток но немаат крај

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Др. Артан Груби беше денес присутен на панел дискусијата на тема: “По две децении, дали Рамковниот Договор е тесен за едно општество целосно отворено и еднакво“ организирано од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на програмата на активностите за одбележување на 20 годишнината на Охридскиот Рамковен Договор.

Во неговиот говор, Груби ја потенцираше извонредната улога на Универзитетот на Југоисточна Европа од неговото основање со кадрите коишто му ги дала на земјата за имплементацијата на принципите на
Охридскиот Договор пред се за обезбедување на еднаквоста и на правото на високото образование на мајчин јазик , сметајќи ја и како нејзин заштитник на човечките и научните капацитети за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор.

“Навистина денес ја одбележуваме 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Договор, но самиот договор не е единствен и изолиран настан, е процес кој има почеток но нема крај. Токму овој денешен јубилеј е и најдобрата можност за изразување на институционална, колективна и персонална благодарност кон сите мажи и жени кои го започнаа овој процесуште од 1991 година и за една цела деценија направија континуирани
напори за еднаквост, заедно со тие мажи и жени кои го забрзаа процесот во 2001 година и следствено го усвоија нормативниот дел од процесот наречен  Охридски Мировен Договор до моите денешни колеги со кои заедно ја имаме обврската за нејзината имплементација и да не застанеме во ниту еден момент унапредувајќи ја таа еднаквост во сите сфери од животот“, истакна Груби.

Во нивните говори, Првито вицепремиер Груби и Академикот Беџети се навратија и на Хелсиншката Конференција во врска со изградбата на европските коридори.

“Замислете ’97 кажавте, денес е 2021 година и по иницијативата во ’97 година за воведување на Коридорот 8 и покрај целиот отпор бидејќи целата финансиска и политичка концентрација беше во Коридорот 10, беа потребни толку години за повторно актуелизирање на Коридорот 8 и неговото инкорпорирање во закон и се надеваме на поставувањето на камен -темелникот во текот на оваа година. Не се многу години за историски процеси, но се многу години за индивидуален живот. Не можеме да чекаме 20,30,40 години за да ги оствариме основните соништа за подобар живот и
затоа борбата за еднаквост како што реков синоќа во Кичево не треба да запре ниту еден ден. Денот кога ќе застанеме да се одмориме, ќе се вратиме 20 години назад. Тоа е тековен процес и ве замолувам да се придружите не само на празникот, туку и на работата, бидејќи сега со целата инфраструктура воспоставена како резултат на Охридскиот мировен договор и 30 -годишните напори, не само 20 години, го имаме товарот да се изгради и да се унапреди во однос на квалитетот на животот", рече меѓу другите Груби.

Според Груби активностите за одбележување на Охридскито Договор не се само активности за рефлекција или споредба, но тие ги оценува како начин на креирање на заедничка визија за следните 20 години.

Мирот, стабилноста, развојот и економската благосостојба, правичната застапеност, социјалната кохезија, рамнотежата на диверзитетите, неселективната правда, надминувањето на поделбите, или изнаоѓањето на решенија за сеуште отворени домашни, регионални прашања или уште пошироко, се нешта кои бараат одржување и храброста на отворените умови. Е оваа визија не толерира рамки, ниту тесни ниту широки, туку цели кон флексибилен и креативен простор, во соодветност со утрешниот и компатибилен со денешниот, бара секојдневен и буден третман, конкурентен
и респонсивен. Приспособлива рамка која ја штити демократијата делејќи ја власта, носењето на одлуки и одговорноста за иднината која ја имаме. Тоа е рамка која не се множи со нула. А ние, ние мора да го изградиме и надградиме просторот помеѓу местото каде што дишат и се натпреваруваат граѓаните потполно еднакви во инклузивно општество во отворена и динамична рамка, соодветна, каков што е и самиот живот“, кажа Груби.