Груби: Измените на Изборниот законик се дел од препораките на ОБСЕ-ОДИХР
Апсолутно никогаш Изборниот законик не бил услов за кој било друг закон да биде усвоен во ова Собрание, туку тоа беа сосема паралелни процеси кои се одвиваа со месеци наназад и со волја и ангажмам на сите политички партии, истакна денеска пратеникот на ДУИ, Артан Груби.
Тој изрази задоволство што општините од шестата изборна единица се префрлаат во петтата, што, како што нагласи е препорака уште од 2014 година од страна на ОБСЕ-ОДИХР.
– ДУИ не може да дозволи непочитување на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор, двојазичноста, како и уставното име на РМ и тоа не смее да стане пракса, затоа што ќе ни ги наруши изгледите во март, па во мај, да добиеме датум за приговори со ЕУ, затоа што ниту една земја членка на Унијата, нема да толерира непочитување на Преспанскиот договор, но и на Охридскиот договор, потенцираше Груби, во однос на причината поради која гласале за разрешување на министерката Рашела Мизрахи.
Наведе дека не знае дали денеска ќе успеат да ги изгласаат законите кои треба да се донесат со двотретинско мнозинство и оти тоа веројатно ќе се гласа утре. Нагласи дека повеќе не се преговара за законот за јавно обвинителство и дека тие што се определени да гласаат за двотретински закони, ќе гласаат.
– Јас се надевам дека и тие што рекоа дека нема да гласаат, како Беса и Алијансата за Албанците, ќе го дадат својот глас за, да обезбедиме двотретинско мнозинство, да го усвоиме овој закон и да продолжиме да чекориме кон ЕУ, да им го дадеме секое можно оправдување на земјите членки да ни доделат датум за преговори, рече Груби.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
