Грција во ОН блокира документ на ЕУ со критики кон Кина
Грција во ОН блокираше документ подготвен од Европската унија, во кој се изнесуваат критики околу состојбата со човековите права во Кина.
![]()
Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека Атина официјално го блокирала документот, оценувајќи го како „неконструктивна критика кон Кина“.
Според Грција, подобар начин за дискусија се посебни преговори меѓу ЕУ и Кина надвор од ОН, отколку вакви документи.
- Ставот на Грција е дека непродуктивната и во многу случаи избрзана критика кон одредени држави, не ја олеснува состојбата со човековите права во тие земји, ниту пак придонесува за подобрување на нивните односи со ЕУ, се наведува во соопштението на грчкото Министерство.
Документот на ЕУ содржи оценки за разни видови злоупотреби во држави од целиот свет и требаше да биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН во Женева.
Меѓутоа, документот не беше презентиран, откако не ја доби поддршката на сите 28 земји членки на ЕУ.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
