Грција денеска ќе ја соопшти листата со трети земји за чии државјани ќе дозволи влез
Грција утре и официјално ќе отвори дел од граничните премини со Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Турција, но во текот на денешниот ден ќе се знае дали тоа ќе значи и дозвола за влез кај јужниот сосед за македонските, албанските и турските државјани, со оглед на тоа дека се од трети земји, вон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Јужниот сосед ги очекува одлуките на европско ниво, односно што ќе решат членките на Унијата за потоа да ја соопшти и грчката позиција.
Во однос на тоа што ќе важи за авионско, морско и копненото поврзување од и кон Грција со земјите што не се во ЕУ, грчки владини извори, синоќа, како што објави МИА брифираа дека листата на трети земји за кои Грција ќе дозволи влез, ќе биде финализирана денеска, откако за конкретното прашање ќе завршат консултациите на ниво на Европската унија.
Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на вчерашниот брифинг со новинарите, објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија, рече дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.
Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од Унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Северна Македонија.
Грција, утре отвора 27 регионални аеродроми за меѓународни летови, седум копнени гранични премини и седум пристаништа за влез во земјата,
Од граничните премини ќе се отворат еден со Северна Македонија (Евзони) и по два со Албанија, Бугарија и Турција.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе jа промени државата од корен
-
Алта Банка ги известува акционеритe на Стопанска Банка Битола - јавната понуда за запишување акции завршува на 10 октомври
-
Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери
-
Иран погуби шест лица поради тероризам и поврзаност со Израел
-
Андоновски: m.Uslugi - апликација што ја носи Македонија на дланка
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови