Грчкото МНР го следи случајот со киднапираниот грчки морнар во Того
Министерството за надворешни работи на Грција внимателно ги следи случувањата со киднапирањето на грчкиот морнар во Того и ќе продолжи да ги следи, за да ги олесни акциите што ќе доведат до негово што е можно поскоро безбедно враќање, се наведува во соопштението на МНР.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за инцидентот веднаш била известена Амбасадата на Грција во Абуџа, што е надлежна за Того, која ги известила властите на Того, а биле известени и амбасади во Тбилиси и Манила, со оглед на тоа дека останатите тројца киднапирани се државјани на Грузија и Филипини.
Паралелно, Единицата за управување со кризи во од грчкото МНР е во постојана комуникација со компанијата сопственик на бродот, како и со семејството на киднапираниот.
Според грчките медиуми, сѐ уште е непознато дали киднаперите стапиле во контакт со компанијата за евентуално барање откуп за ослободување на четворицата морнари.
Таткото на 20-годишниот киднапиран Грк за медиумите изјави дека од бродската компанија ги известиле дека прават сѐ што можат, но никој од киднаперите не стапил во контакт.
На 4 ноември, беше извршен вооружен напад врз танкерот под грчко знаме „Елка Аристотелис“ што бил закотвен во главниот град на Того, Ломе и биле киднапирани четири од 24 членови на екипажот. Еден е грчки државјанин, двајца се од Филипини и еден од Грузија.
Ново на Сител
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип