Грчкиот Парламент одобри нови мерки за штедење
Грчкиот Парламент синоќа со тесно мнозинство усвои нов Закон, кој предвидува спроведување серија мерки за штедење на кои инсистираат меѓународните кредитори на Грција.
За усвојување на Законот се изјаснија 153 од вкупно 300-те пратеници во Парламентот.
Како што јави ТАСС, со Законот се регулира висината на платите на вработените во државниот сектор, им се овозмижува на странски фондови да ги откупуваат неисплатените долгови на компаниите и се утврдуваат правилата за работа на фондот кој ќе ги прибира средставта од приватизацијата на имотите и претпријатијата во државна сопственост.
За усвојување на Законот гласаа само пратениците на двете партии што ја сочинуваат коалициската Влада - Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) и Независни Грци. Опозициските пратеници се изјаснија против законскиот предлог.
Со усвојувањето на овој закон Грција ги исполни условите за исплата на нова транша помош од ЕУ во висина од една милијарда евра.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка