Грчки медиуми: Мицкоски ќе го користи уставното име но не секогаш
зјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот предлог за новиот владин состав, како и гласањето во Собранието во текот на викендот, се во фокусот на онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно, ги пренесуваат текстовите од државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текстот под наслов „Северна Македонија – Христијан Мицкоски: На заклетвата на Владата ќе го користам уставното име на земјата“, АНА-МПА пишува за вчерашното интервју на мандатарот за „Сител“ во кое „рече дека на инаугурацијата на неговата влада, за време на викендот ќе го користи уставното име на државата“.
-Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече.Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името „Македонија“, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е „Македонија“, пишува грчката државна агенција.
Медиумите во Грција, како што е пракса во изминатиот период, акцентот го ставаат на (не)употребата на уставното име, па така, овој пат текстовите во онлајн изданијата се под насловите: „Северна Македонија: Христијан Мицкоски инсистира на терминот „Македонија“-за викендот новата Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно „Македонија“, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само „Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.
Паралелно, грчката новинската агенција во посебен текст се осврнува и на писмото на Мицкоски до претседателот на Собранието, во кое, како што пишува, „го користи уставното име на земјата“, пренесувајќи ја целата содржина, што исто така е објавено и во останатите медиуми во земјата.
Дополнително, медиумите информираат дека во текот на викендот ќе се одржи седницата за избор на новата Влада.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска