Граѓански марш поддржан од СДСМ на 11 Октовмри

Граѓански марш под мотото „Борбата продолжувата, гласот победува“, поддржан од опозициската СДСМ, ќе биде одржан на Денот на востанието на Македонија - 11 Октомври.
Како што информира на денешната прес-конференцијата лидерот на СДСМ Зоран Заев, маршот е продолжување на граѓанската акција, а е инициран заедно со Вера Бунтеска од Сојузот на борците и истакнати уметници и граѓанси активисти - музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири, актерката Ирена Ристиќ, новинарот Томислав Кежаровски, спортскиот новинар во пензија Атанас Костовски и твитерџијата Влатко Васиљ.
- 11 Октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание на победа. Затоа маршот се случува на 11 Октомври. Ја потврдуваме нашата реалност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, за граѓански глас. Денес по 75 години од основањето на партизанските одреди нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели да за животот во Макаедонија и гласот што вели не за режимот, рече Заев. Посочувајќи дека маршот е најава за промените што ќе следат, тој упати повик до граѓаните - поединци, здруженија, заедници, демокартски политички партии ... да се приклучат.
Останатите иницијатори меѓу мотивите за нивното вклучување на маршот, ги изнесоа борбата за Македонија како модерно општество во кое граѓаните ќе бидат почитувани, во кое, како што посочија ќе се почитуваат слобата на изразување и на размислување.
Според Златко Ориѓански Македонија ако сака да преживее како држава и нација, ќе мора да си ги побара своите даровити поединци независно од партиски убедувања, независно од се, за да дадат нешто добро и убаво за својата земја.
- Моја желба е да не се враќаме во 1994 година туку да се отвориме кон сите внатре, а потоа да се отвориме кон сите држави околу Македонија, да го видиме моментумот во кој што живееме и да не се браниме од ништо што е ново и модерно. Мојот идеал е слободна, модерна Македонија, рече Ориѓански.
За новинарот Кежаровски, новинарството во земјата е во хаос, а медиумите се плен на политичкиот и економскиот интерес, при што најголем губитник е интересот на јавноста.
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
