Градежниците очекуваат повеќе работа во 2018-та
Интензитетот на градба во Македонија во изминатите девет месеци од годинава се намалува иако постои фонд за изградба, а намалување на договорените и извршените работите се бележи и во странство. Сепак, се очекува следната година градежништвото повторно да биде двигател на економијата, оценуваат од Стопанската комора на Македонија.
Како клучни причини за кризата во градежништвото ги посочуваат долготрајното предавање на власта и административните пречки во донесувањето на одлуки и решенија за реализирање на проектите.
- Последиците од политичката криза почнаа во голема мерка да се чусвствуваат во градежништвото кое беше главен двигател на економијата во последните години и главен причинител на високиот пораст на БДП. Интензитетот на градба согласно договорените работи во изминатите девет месеци од годинава не се намалува, но се намалува извршувањето. Посебно влијание врз вредноста на изведените работи имаше и фактот што во измнатиот период имавме и намалени активности во делот на јавните набавки, рече Андреа Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека се очекува трендот да продолжи до крајот на годинава, а за наредната 2018 година се надева дека ќе биде ставен крај на политичката криза и оти ќе биде подобра за градежништвото и ќе се врати на старите текови како двигател на растот на БДП.
Како главна причина за недоволниот квалитет на објектити Серафимовски го посочи критериумот најниска цена при јавните набавки и електронското спроведување на наддавањето.
- Дури 80 отсто од сите проблеми во градежништвото потекнуваат од критериумот најниска цена при јавните набавки, рече Серафимовски.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица