Град Скопје: Се реализира третата фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи

Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата За модерно Скопје за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката Студија се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба.
Во третата фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел во општина Гази Баба, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовска конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита. Со третата фаза од Студијата за магистралните водоводни цевководи базирана на темелни испитувања и анализи која се прави за прв пат по 60 години, се испитува водоснабдувањето на град Скопје од количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти, кое се движи преку двa челични цевководи.
Испитувањата на терен ги вршат експерти и професори од Машинскиот факултет, со цел да добиеме прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје.
Имајќи предвид дека цевководите се челични и градени во пост-земјотресниот период започнати во 1964 година, по нивната 60 годишна функционалност, со оваа студија би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент. Суштината на изработката на стратешката студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој оди по трасата на булевар Партизански Одреди и другиот по булевар Словенечка и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
