Македонија
9. October 2021 - 17:33

Град Скопје: Максимална казна од 1.800 евра за исеченото дрво во Кисела Вода

Град Скопје изрече голема казна за Општина Кисела Вода и одговорниот за сечењето на дрво, со цел подобро да се гледа билбордот поставен на тоа место.

„Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје. 

Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, информираат од Град Скопје.