„Грациела“ од Ламартин на македонски јазик
„Македоника литера“ го објави на македонски јазик романот „Грациела“ на францускиот писател Алфонс де Ламартин, кој се смета за еден од најубавите љубовни романи на романтизмот. Од француски го преведе Марија Паунова. Досега од Ламартин се објавени на македонски само неколку негови песни.
- Во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика, информира издавачот.
Како и други дела на Ламартин, „Грациела“ се базира врз вистински настани од неговиот живот. Во приказната за нереализираната, но силна, искрена и чиста љубов на главниот лик – младата Италијанка Грациела, всушност, се искажани големата љубов и нестивнатата тага за рано починатата сопруга на авторот.
Алфонс де Ламартин (1790-1869) бил член на Француската академија на науките и уметностите, а се занимавал и со политика и бил влијателен политичар во своето време. Неколку години бил на дипломатска служба во Италија. Искуствата од периодот од својот живот поминат во Италија ги искористил за пишувањето на романот „Грациела“.
Ламартин е меѓу најзначајните фигури на францускиот романтизам. Француската книжевна критика го смета за еден од најголемите поети и лиричари на сите времиња на Франција. Најмаркантниот дел од неговото творештво се поемите од неговата рана творечка фаза. Познат е по елегичната поезија, а романот „Грациела“ е меѓу најчитаните негови дела.
Бил и министер за надворешни работи во Франција. Во својот политички живот учествувал во државниот удар на Наполеон Трети. Пишувал политички статии кои биле многу читани. Патувал многу, патувал и на Балканот, најмногу на Ориентот, и резултат на тоа е неговата книга „Патувања на Истокот“.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата