Македонија
18. September 2017 - 12:53

Грабеж на менувачница во Сарај, газдата го изрешетале во нозе

Вчера околу 20,20 часот во Скопје, во ТЦ “Сарај“ пред менувачница од страна на три непознати лица, од кои едно вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, било извршено разбојништво врз сопственикот на менувачницата.

Кон истиот било пукано со огнено оружје и притоа се здобил со повреди во пределот на двете нозе по што со возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.