Готова катната гаража Смилевски конгрес, се чека одобрение од општина Центар
Катната гаража Смилевски конгрес веќе два и пол месеци е готова и се чека само на издавање употребна дозвола за нејзино официјално пуштање во работа. При нејзината градба бевме приморани трафостаницата да ја преместиме заради безбедност и се уште немаме добиено одобрение од општина Центар, информира директорот Цветко Грозданов на АД за станбен и деловен простор при денешниот увид во градежните активности заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Катната гаража се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни, има 169 паркинг места и деловни простории од околу илјада метри квадратни. За нејзината изградба се вложени 4,5 милиони евра. Опремена е со најсовремен видео надзор, а наскоро ќе бидат поставени и паркомати преку кои ќе може да се плаќа паркингот со пари или картичка, а ќе има и специјална служба каде граѓаните на кои им е потребно ќе може да добијат потврда за платена сметка или пак да ја платат сметката доколку не се во можност тоа да го направат преку паркоматот.
- Задоволен сум што катната гаража Смилевски конгрес наспроти Македонскиот народен театар е веќе завршена,но за жал два и пол месеци чекаат од општина Центар да добијат употребна дозвола и не знам зошто се одоговлекува и дали станува збор за политички или технички мотиви. Се надевам дека општина Центар ќе си ја заврши својата задача зашто илјадници граѓани секојдневно ќе ја користат оваа катна гаража која е во строгиот центар на градот, изјави Груевски.
Тој истакна дека преку проектот на Владата за изградба на катни гаражи заедно со Град Скопје веќе се реализирани 6 катни гаражи во централното градско подрачје и е реконструирана подземната гаража под МОБ.
- Шест катни гаражи се завршени, а седмата што беше во план беше стопирана од новото раководство на општина Центар. Заедно со подземната гаража под МОБ која има капацитет од 600 места во најголема мерка е решено прашањето на паркирање на возилата во строгиот центар на Скопје, рече Груевски и додаде дека некои приватни компании изградија или градат катни гаражи во централното градско подрачје.
Искористеноста на катните гаражи, како што посочи, се движи од 80 до 90 отсто.
- Можам да кажам дека проектот на Владата заедно со градот и со општина Центар во времето на Тодоровиќ се заокружува. Добрата искористеност на катните гаражи покажува дека постоела голема потреба за нивна изградба и дека беше неоправдана критиката кон Владата дека тоа не е приоритет во моментот. Неможе центарот на метрополата да остане без места за паркирање и луѓето да паркираат по плоштади, паркови и тротоари,потенцира Груевски.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни