Гостување на францускиот театар „Ефемерид“ во Скопје и Битола

Францускиот театар „Ефемерид“ во рамки на европската турнеја задутре ќе гостува во Драмски театар, а на 24 октомври - во Народниот театар Битола, со претставата „Исповед на една мазохистка”. Гостувањето го организираат Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Драмскиот и Битолскиот театар.
- Театарот Ефемерид токму кај нас ќе ја има праизведбата на драмата „Исповед на една мазохистка”, чиј автор е Роман Сикора, едно од најголемите имиња на чешката драматургија. Драмата е потресна симболичка и социјална слика на апсурдот во посткомунистичката епоха на Европа и претставува сјајна драматуршка иновација која ќе ја плени македонската публика, соопшти Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Во претставата настапуваат актерките Јана Клејн и Наташа Машкевич, а режисер е Патрик Вершурен од Франција, кој две децении е поврзан со Македонија и балканските драматургии.
Во Драмскиот театар Скопје тој ја има поставено драмата „Европа” од Ромен Гари и Рене Калиски и е добитник на високото француско признание „Шарл Дулен“ за балканската трилогија „Гробница за Борис Давидовиќ” од Данило Киш, „Казна за Малвина” од Мирко Ковач и „Среќата е нова идеја во Европа” од Јордан Плевнеш, која беше играна во 120 театри низ цела Франција.
За време на престојот во Македонија, режисерот Вершурен утре ќе одржи работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности со студентите од класата по актерска игра на професорот Мето Јовановски, кои во средината на 2016 година ќе гостуваат на Универзитетот во Арас, Франција.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
