„Гороцвет“ организира традиционална средба во демирхисарското село Слепче

Во организација на Македонското здружение за култура обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје и ЕФТА Универзитет - Скопје, денеска во дворот на Славко Крстевски во село Слепче, демирхисарско ќе се одржи втората традиционална средба.
На средбата ќе бидат промовирани драмата „Невини а осудени” од Славко Крстевски, документарниот филм за Славко Крстевски „Крикови” во продукција на ЕФТА Универзитет - Скопје, ќе биде отворена изложба на ракотворби на Татјана Крстевска - ќерка на Славко Крстевски, а ќе се одржи и поетска средба во организација на Милица Паулус и Лорета Крстевска Павловска.
На оваа традиционална средба ќе настапат истакнати поети од Македонија и од дијаспората, а оперската певица Серафина Фантаузо ќе исполни неколку музички нумери од сериозна музика.
Ново на Сител
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
