Ракомет
28. November 2017 - 9:55

Гонзалез: Нашата цел е да го задржиме првото место

 Шампионот на СЕХА лигата Вардар по дуелот со германскиот шампион Рајн Некар Ловен во Лигата на шампионите, а денеска го очекува нов предизвик, гостувањето кај хрватскиот тим Нексе во дуел од СЕХА лигата.
 
Вардар оваа сезона во СЕХА лигата е лидер и има максимален учинок седум победи, додека Нексе се наоѓа на осмото место со пет бодови и само една победа. „Црвено-црните“ фаворитската улога ја имаат и на овој натпревар.
 
- По натпреварот во Германија против Рајн Некар Ловен, следуваат дуелите и во СЕХА лигата. Нашата цел е јасна сакаме да го задржиме првото место. Нема да имаме многу време за подготовки за овој дуел, а ќе играме против еден силен и квалитетен состав. Верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во ова натпреварување, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.
 
Дуелот Нексе - Вардар се игра со почеток во 19 часот.

Ново на Сител