-->
-->
Големо признание за Наумоски: Ефес го повлекува дресот со број седум
-->
Раководството на повеќекратниот турски шампион Анадолу Ефес одлучи да го повлече дресот со број 7 во кој настапуваше легендарниот македонски репрезентативец, актуелниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Петер Наумоски.
Дресот со број 7 кој го носеше Наумоски за време на својот скоро седум годишен претстој во Ефес ќе биде повлечен утре на свечена церемонија на полувремето од дуелот од Евролигата меѓу Ефес Анадолу и Армани Милано.
Секако тимот од Милано не е случајно избран за оваа свеченост бидејќи Наумоски две години настапуваше и за тимот од Милано.
На овој начин европскиот гигант сака да му додели посебно признанија на својот некогашен лидер. Наумоски во два наврати го носеше дресот на Ефес. Во Истанбул пристигна во 1992 година и одигра две одлични сезони по што следуваше една сезона во италијанскиот Бенетон. Наумоски по само една година во Италија се враќа во редовите на својот омилен клуб каде останува се до 1999 година.
Во дресот на Ефес , актуелниот претседател на МКФ освои по четири трофеи во првенството и купот на Турција, освои и четири пехари во Претседателскиот куп на Турција. Наумоски го водеше Ефес и до единствената европска титула, го освои трофејот во Купот на Радивој Корач.

- Ефес уште еднаш покажа дека не ги заборава своите легенди. Претседателот на МКФ Петар Наумоски во следите неколку дена ќе биде специјален гостин на својот некогашен клуб, кој в четврток на свечена церемонија на полувремето од дуелот против Армани од Милано ќе го повлече неговиот дрес со бројот седум, информираат од МКФ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје