-->
-->
Големиот македонски талент Теодор Симиќ дел од евролигашката иднина
-->
Големата македонска кошаркарска надеж Теодор Симиќ кој веќе втора година е член на шпанскиот и европски гигант Барселона, е дел од младинскиот тим на оваа екипа која со успех се натпреварува во Евролигата.
Симиќ кој сеуште нема наполнето ниту 16 години, но со јуниорскиот тим на Барселона настапува на така нарешениот „Турнир на идните генерации“, што се одржува во Валенсија, а е еден од четирите турнири на кој играат јуниорски екипи од цела Европа во организација на Ерволигата.
Иако две години, па и повеќе, помлад од останатите, Симиќ максимално ја користи секоја минута која ќе ја добие, за да потврди дека не случајно Барселона сериозно смета на овој голем македонски кошаркарски талент.
„Ова е големо искуство за мене. Работам напорно и тоа моите тренери го препознаваат, па затоа, годинава имам можност да играм со повозрасните од мене. Верувам дека и во иднина ќе ја оправдам довербата која ја имаат во мене“, изјави младиот Симиќ за Сител ТВ.
Симиќ и неговата Барса досега забележаа две победи, совладувајќи ги врсниците од турскиот тим Тошаф и францускиот Асвел
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија