Големи рации во Германија, „испрани“ околу 140 милиони евра
Германската полиција спроведе денеска големи рации во 25 градови во врска со сомнителна мрежа за перење пари, за која се тврди дека „перела“ милиони незаконски стекнати профити во странство.
Полицијата во Диселдорф соопшти дека повеќе од 1.000 полицајци учествувале во рациите, кои започнаа во раните утрински часови, извршени во сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Бремен. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и 39-годишен Сириец обвинет за членство во сириската екстремистичка група Нусра фронт, соопшти полицијата.
Рациите се дел од истрагата за таканаречената мрежа „хавала“ широко користена во муслиманските земји, во која поединци, а не банки, дејствуваат како посредници при трансфер на пари. Полицијата од Диселдорф соопшти дека парите, кои се „перат“ од 2016 година, доаѓаат од широк спектар на извори, вклучувајќи криминални активности како што се грабежи и изнуда. „Според првичните проценки, обемот на трансакции во истражниот период изнесувал околу 140 милиони евра“, се наведува во соопштението на полицијата.
Германскиот јавен радиодифузер WDR објави дека „испраните“ пари вклучуваат средства од трговија со дрога и дека барем дел од тие пари се испратени во Турција и Сирија, каде што можеби се искористени за финансирање милитантни групи.
Полицијата заплени луксузни автомобили, злато, накит и скапи часовници во вредност од над два милиони евра.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
