Голема загуба за театарот: Почина познат актер
Почина актерот на Албанскиот театар Сефедин Нуредини
Во периодот од 1991 до 1995 година беше директор на Албанската драма, а потоа, едно време, од 2000 година беше и генерален директор на Театарот на народностите – Скопје.
Од големиот актерски опус на Сефедин Нуредини ќе ги паметиме ликовите на Зедридеси („Планета на мрзливците“), Соколе Ефрутоски („Големата вода“), ликовите во претставите „Матуранти“, „Политичко венчавање“, ликот на Поручникот („Да се спаси надежта“), потоа во претставите „Нита“, „Глувци и луѓе“, „Скротител на луѓе со смарагдни очи“, „Најтешкиот испит“, „Јас, Халил Гарија“, „Хамлет од Долно Мрдуши“, „Пахинтика во сон“, „Дожд во Уертемонто“, „Сауна“, „Сурати“, „Хамлет“, „Гробишта на автомобили“, во „Таинствени седенки“, „Војцек“… го одигра Прометеј во „Прометеј“… Последен лик му е Џо Келер во „Сите мои синови“ чија премиера беше кон крајот на октомври 2016 година. Со тој лик, најверојатно свесен за болеста која го разјадува, Сејфо беше брилјантен но и свесен дека се „збогува“ со сцената. Претставата имаше само премиера – тешката болест го правеше своето…
Сефо беше ценет и почитуван актер, човек и другар кој несебично се даваше на неговата љубов – театарот. За одиграните ликови доби повеќе награди, меѓу кои се „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ за ликот на Поручникот во „Да се спаси надежта“, наградата за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за Прометеј во „Прометеј“, наградата „Александар Мојсиу“ на Националниот фестивал на професионалниот албански театар (Албанија) – напиша Лилјана Мазова.
„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг пријател и колега, актерот на Албанскиот театар од Скопје, неповторливиот Сефедин Нуредини.
Неговата прерана смрт остава ненадоместлива празнина, не само во ансамблот на Албанскиот театар, туку и во македонскиот театар воопшто.
Ќе го паметиме по извонрендите крации и бескрајната љубов и посветеност кон магијата наречена театар“ – стои во реакцијата од колективот на Драмскиот театар во Скопје.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи

