Голема трагедија на Велигден: Марија скокна од зграда - остави две деца

Незапаметена трагедија се случи во Србија ноќта на Велигден, кога мајка на две деца се самоуби со скок од зграда.
Српскиот Куир пренесува дека 31-годишната Марија Пауновиќ од засега непознати причини ноќта на најголемиот и најтежок христијански празник, скокнала од еден од највисоките солитери во Белград. Несреќната жена која скокнала од седми спрат давала знаци на живот кога дошла Итната помош, но за жал набрзо починала, а докторите и покрај напорите не можеле ништо да направата за да ја спасат.
Станарите се во шок, никој не видел што се случило, а и не знаат кој би бил мотивот. Велат дека работела во агенцијата за чистење и дека жената ја одржувала и нивната зграда. Таа не живеела во зградата од која скокнала, туку само работела.
- Гледав телевизија кога слушнав тресок. Мислев дека е некој судар на улица, а потоа сфатив дека станува збор за трагедија. Ја видов жената како неподвижна лежи на бетон, веднаш беше повикана Брза помош и полиција, вели станар за Курир.рс.
Жената неодамна се развела од сопругот и се вратила да живее со мајка си. Таа има две малолетни деца.
Ново на Сител
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
