Џет-Сет
10. January 2018 - 18:20

Голема тага: Српската пејачка во шок поради смртта на блиска личност

Животот често знае да не изненади колку на убав толку и на помалку убав начин. Не така пријатна вест ги  дочека и српските пејачки Ана Бекута и Инди. 
 
Нивнит пријател  и соработник Саша Милошевиќ ненадејно починал на 46. годишна возраст. Се претпоставува дека починал од срцев удар, а неговото тело е пронајдено во неговиот стан. Тој ги напишал текстовите за песните „Бројаница“ и „ црвен конец“ најголемите хитови на Ана. 
 
- Ме растажи веста дека мојот пријател и соработник, Саша Милошевиќ почина на 46 години од животот. Ги напиша текстовите на моите најголеми хитови. Драг Саша, нека ти е вечна слава, напишала Бекута на својот Инстаграм профил.
Милошевиќ е автор на песната на Тања Савиќ „ Златник“, како и на песната „Бато, бре“ која ја изведува Инди. 
- Авторот на хитот „Бато бре“, Саша Милошевиќ ненадено не напушти. Нека ти е лесна земјата, друже мој... напишала Инди.