Голема тага и болка: Познатата пејачка го погреба својот сопруг
Српската пејачка Даниела Стоилковиќ (35), која поради смртниот случај беше спречена да влезе во реалното шоу „Фарма 6“, вчера на градските гробишта во Лесковац го погреба сопругот Алексадар Саша Стоилковиќ (45).
Нејзинот сопруг почина од срцев удар откако ја испрати во карантин пред велгувањето на реалното шоу. Имено, Александар сопругата ја донесол до Шимановце, и посака многу успех и среќа, и напоменал да ги истрае добро деновите во шоуто бидејќи ја има неговата поддршка. Само десет минути по влегувањето во карантинот пејачката од продукцијата ја доби најужасната вест во нејзиниот живот.
Најблсиките пријатели на пејачката велат дека таа постојано плаче и го довикува својот сопруг. На погребот присуствувале многу личности од јавниот живот.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми