Голема количина плин истекла од резервоар на бензинска во Струга, затворени се вентилите
Голема количина плин истекла од резервоар во бензиската на „Макпетрол“ во Струга по што интервенирала територијалната противпожарна единица.
Раководителот на смена во територијалната противпожарна единица во Струга, Неад Куртиши информира дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари и нема опасност.
- Околу 17 часот и 30 минути добивме пријава дека во „Макпетрол“ бензиската тече плин, еден од вентилите пушта голема количина. Веднаш ги евакуиравме присутните на лице место и пристапивме кон затворање на сите вентили и успеавме да го запреме плинот, изјави Куртиши за МИА.
Според него, на населението од околните куќи и згради му било укажано да внимава со запалливи материјали и палење оган за да не настане голема катастрофа.
- Наидовме на големо разбирање кај локалното население. Им укажавме на луѓето кои живеат во близина да не палат оган, бидејќи дуваше ветер и имаше опасност од една искра да се направи пожар. Местото го опколивме и веднаш контактиравме со населението да не прави паника, нагласи Куртиши.
Состојбата, како што рече, сега е под котрола, дежурни екипи се на терен. Се очекува стручни лица утре да ги променат вентилите.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека полициски екипи го обезбедувале местото околу бензиската пумпа.
Ново на Сител
-
Фицо предупредува на тешки последици од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина
-
Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи
-
Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството
-
Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-
На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ