Голема акција на полицијата, апсења за тероризам
Албанската и косовската полиција вчера спровеле акции во кои се уаспени единаесет лица заради тероризам.
По повеќемесечна истрга во која биле влучени и полициите на соседните, како и други европски земји во Албанија уаспени се четири лица, меѓу нив и еден лекар, додека во Косово седум лица.
Акцијата била спроведена во раните устрински часови во саботата, но полицијата истата ја објави доцна вечерта, по завршување на целата акција во регионот. Уапсените се дел од поширока мрежа во Косово, Албанија и во Македонија кои помагале во регрутација на млади за да и се придужат на терористичката групација Исламска држава, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Според албанската полиција има доволно докази за четворицата уапсени во Албанија, двајца од Скадар и двајца од Пешкопеја, на возраст од 30 до 46 години, кои земале финаниски средства од бизнисмени за да го плаќаат патувањето на младите за Сирија.
Електронското издание на приштинскиот весник „Екпсрес“ синоќа јави дека Основниот суд во Приштина на седуммината уаспени им одредил мерка притвор во трање од по 30 дена.
Уапсените се од Урошевац, Призрен и Косовска Митровица, а во нивните домови полицијата пронашла доволно докази.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата