Свет
21. February 2022 - 14:18

Голем пожар во станбена зграда во Германија, евакуирани 100 луѓе | ВИДЕО

Голем пожар избувна денеска во станбена зграда во градот Есен во западна Германија.

Три лица се префрлени во болница поради труење со чад, соопштија денеска властите.

Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани околу 100 луѓе, што е приближно колку што луѓе и живеат таму, пренесува АП.

На местото на настанот се испратени околу 150 полицајци за да го изгаснат пожарот.

Причината за пожарот не е веднаш јасна, но се чини дека огнот брзо се проширил откако избувнал во раните утрински часови, поттикнат од најновата бура што ја погоди северна Европа во последните денови, наведува американската агенција.