Голем помор на риба во Вардар кај Градско

Голем помор на риба и останатиот жив свет во Вардар кај Градско утрово во 4:30 часот се случи пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско.
Како што информира за МИА Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во кое се собираат фекалиите што се користат како репроматеријали за работа на биогасната централа.

-Кога се излеало езерцето, водата со фекелиите поминала под мостот на патот Велес - Градско, оттаму преку една нива дирекно во реката Вардар по што е предизвикан поморот, појасни Наумоски.
За поморот од ЗСР„Бабуна“ го известиле градоначалникот на Општината Градско со кој се во контакт и ги координираат активностите во врска со поморот на рибата.
Воедно од ЗСР „Бабуна“ го известиле и надлежниот Државен инспектор за животна средина, а кој веќе е на терен и прави увид. Од ЗСР „Бабуна“ за поморот на рибите го известиле и локалниот инспектор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
