-->
-->
Голак ја доби првата обележана планинарска патека долга 11 километри
-->

Голак ја доби првата обележана планинарска патека која е долга 11 километри, а започнува од манастирскиот комплекс Балаклија над Делчево и води се до врвот Чавка.
На обележувањето на патеката изминатиот период работеа членовите на ПСД „Голак“ од Делчево. Како што истакна за МИА, претстедателот на ПСД Голак, Љупчо Чучуковски, оваа патека е пријавена во Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
- Патеката поврзува две точки кои имаат 980 метри висинска разлика, значи од манастирот „Св Балаклија“ до врвот Чавка. Ја обележувавме со основните бои црвена и бела. Инаку, ова е една од најчесто користените патеки од страна на планинарите кои сакаат да ја искачат планината се до највисокиот врв Чавка со 1536 метри надморска висина, но беше во многу лоша состојба. Успеавме да ја направиме проодна и обележана и сега љубителите на планината ќе можат безбедно да се движат по патеката, рече Чучуковски .
Тој додае дека со ова обележување на планинарската патека ќе се зголеми интересот на планинарите од земјава и соседните држава да го освојуваат Голак.
- Има голем интерес кај планинарските друштва, како од земјава, така и од соседните држави да планинарат на Голак. Затоа за нас обележувањето на патеката беше голем предизвик и очекуваме Голак да биде посакувана дестинација за палнинарските спортови, рече Чучуковски.
Инаку, Голак во себе крие и други планинарски патеки кои љубителите на планината од ПСД Голак, си поставија за цел да ги обележат, но планираат да обележат и патека наменета за планински велосипедизам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
