Македонија
3. March 2016 - 14:58

Годишно собрание на кумановското здружение на пензионери

Кумановското здружение на пензионери денеска одржа годишно собрание на кое беа разгледани и усвоени извештаите за годишното финансиско работење и солидарниот фонд.
 
Снежана Андова, претседател на надзорен одбор на Здружение на пензионери Куманово информира дека е констатирано позитивно работење за 2015.
 
- Како непрофитно и непартиско здружение средствата за работење, здружението ги обезбедува од годишна членарина за која пензионерите секој месец издвојуваат по 30 денари, од кои дел се издвојуваат за Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, каде се застапуваат повисоките интереси на пензионерите, а останатите, 27,5 денари месечно се трансферираат на сметката на кумановското здружение на пензионери, при што се издвојуваат околу 4,5 милиони денари, изјави Андова.
 
Таа напомена дека дел од средствата за работа здружението обезбедува и од камати на депозити, предвидени за определени намени, со што се создава годишен буџет од безмалку 5 милиони денари кои се трошат за функционални расходи. Минатата година најмогу средства над 900.000 денари се  одвоени како неповратна парична помош за болните пезнионери.
 
- Со годишниот буџет се финансираат ограноците на здружението, пензионерскиет клубови кои ова раководство ги формираше во голем број, а прави напори и да ги развива, напоредно и оние во градската средина, но и во приградските населби и руралните средини, се финасираат екскурзии, спортски натпревари, бањско лекување и рекреација за пензионерите надвор од проектите на државата, хуманитарни активности со најголема ставка на средства за еднократна помош на пензионерите со тешки дијагнози, се финансира информатори и останати активности и режиски издатоци, рече Андова.
 
 
Додаде дека тековните средства се користени рационално согласно финансискиот план, а одредени осцилации кои се бележат во финансискиот план се потрошени согласно одлуките донесени од страна на собранието.
 
Здржението на старосни пензионери е регионално и опфаќа околу 13.500 пензионери од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Ново на Сител