Годишнина на пропуштената шанса

Дојче веле - Бон
Тоа беше глетка која никогаш нема да ја заборавам. Плоштадот Мањеж во Москва – полн со луѓе од едниот до другиот крај. Имаше толпа народ и на почетокот на улицата Горки, денес Тверскаја. Подоцна се зборуваше за 400.000, па дури и половина милион луѓе. Дали престолнината на Русија видела толку бројни демонстрации? Можеби само на протестот со џиновското знаме по „Новиот Арбат“ во август 1991 година.
Тие и фрлија ракавица на империјата
Но на 20 август 1991 никој од тие стотици илјади души не можеше да си замисли дека по 11 месеци Советскиот сојуз ќе престане да постои. Луѓето излегоа на улиците во знак на солидарност со народот на Литванија. Една недела пред тоа, ноќта на 13 јануари, дел од гарнизонот во Вилнус и специјалните единици Алфа ги нападнаа демонстрантите кои ја бранеа телевизиската кула во градот. Од куршумите и под колоните тенкови загинаа 14 (а според други податоци 15) мирни граѓани.
Тоа беше кулминација во борбата на советското раководство на чело со претседателот Михаил Горбачев, за да биде задржана балтичката држава во составот на СССР, која во март 1990 прогласи дека се враќа кон независност. По нападот врз телевизиската кула се предвидуваше дека ќе бидат уапсени претседателот на литванскиот парламент Витаутас Ландсбергис и членовите на Сеимот. Но жестокото противење на Литванците ги шокираше политичките лидери на Советскиот сојуз. Тие не очекуваа да има многу крв.
Просоветскиот преврат во Литванија пропадна. Нам во Москва ни се чинеше дека „империјата го возвраќа ударот“. Тогаш во престолнината редовно се слушаа гласини дека во градот може да бидат испратени тенкови и специјални единици подготвени да ги растурат антисоветските митинзи. Толку пофасцинантна изгледаше храброста на стотиците илјади московјани кои се собраа на 20 јануари пред Мањеж, историската зграда во Москва.
„Може ли да се зборува на руски во Вилнус?“
Тогашните случувања според мене остануваат како најдобар доказ дека револуцијата од 1989-1991 не беше борба за власт на елитите, како што сега сметаат повеќето луѓе во Русија кои страдаат од историска амнезија, туку движење често исполнето со идеализам и алтруистички побуди.
Денес Литванија, Летонија и Естонија постојано си ги делат челните места на рејтинзите како „непријатели на Русија“. Носам спомени од повеќе од пред две години кога дваесетина руски новинари (исто и познати московски медиуми) беа во посета на Волњус. По средбата со шефот на министерството за внатрешни работи, Линас Линкевичус, групата имаше час-два слободно време. Бев таму и некои збунето ме прашуваа дали можат да зборуваат на руски јазик низ градот?
Московски известувачи од ерата на интернет размислуваат за исти теми како и просечен гледач на Првиот канал во провинција: балтиците ги мразат Русите, кои на секој налин ги понижуваа и ја напаѓаа Русија се додека не влегоа во НАТО. Некои колеги додуша ги измешаа Летонија со Литванија и немаа претстава дека на крајот никогаш и немало таканаречено „руско прашање“ – имаше само „советско“.
Во Летонија и Естонија навистина имаше а донекаде се уште има проблеми со интеграцијата на рускојазичното население. Но тие не можат да се разгледуваат надвор од контекстот на советската окупација, а и на денешната политика на Кремљ, кои често ја користат „работата со сонародниците“ како инструмент за притисок врз Балтикот. Руската државна пропаганда одамна го претвори НАТО во симбол на сите закани кои доаѓаат токму од Западот. И Кремљ и руското јавно мислење се вознемируваат од тоа што денес нема како да втераш тенкови во Вилнус или во Рига. А многу го сакаат тоа.
Жал по советското псевдовеличање
Како што го докажа тоа прво грузијската, а потоа и украинската хистерија, односите кон постсоветските држави во Русија всушност не доаѓаат од грижа за руските малцинства (таков проблем нема ниту во Украина, ниту во Грузија). Нема врска дури ниту со самото нивно излегување од СССР – тоа се должи, точно кажано, на нивното „непочирување“ на советското наследство и кон Русија како нејзин чувар.
Луѓето во Русија категорично одбиваат да прифатат каква и да било друга верзија на случувањата од 20-иот век, освен советската. Не сакаат ништо да знаат за историјата на другите и за нивните жртви. Таквата самоизолација од вистината е клучот за да бидат разбрани не само гласовите на јавноста во Русија, туку и одлуките кои се донесуваат во најважните коридори на власта во Москва. А судбината на нашите сонародници, во најдобар случај, е повод за петминутни закачки граничните „балтички фашисти“ кои доаѓаат по истите тие гранични „чувари“. Жалта по советското псевдовеличење ја обединува Русија. Затоа жалта е тешко искоренлива.
Неодамна ја средував мојата архива со видео касети и открив снимени телевизиски емисии од јануари 1991, меќу кои и снимка од ленингардската исклучително популарна „Пето тркало“ на Бела Куркова. Учесниците во емисијата, меѓу кои беа и Анатолиј Собчак и Олег Басилашвили, ги критикуваат дејствата на советските војски во Литванија и итроштината на Горбачев, и повикуваат на протести и притисок врз советското раководство. „За вашата и нашата слобода“ – овие зборови не еднаш беа повторувани тогаш директно во етерот. 13 јануари можеше да стане ден за сеќавање за нашата заедничка судбина, за општата борба за нова иднина. Е, не стана.
Ново на Сител
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
