Годинава во Албанија бонус добиле над 23,3 илјади бебиња
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во изминатиот период од годинава 23.342 новороденчиња добиле бонус за бебе.
Преку објава на „Фејсбук“, Рама наведува дека од почетокот на „оваа универзална програма“ во 2019 година 95.524 деца добиле бонус.
Со владината програмата родителите на прво родено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (околу 330 евра), за второ 80.000 и 120.000 леки за трето дете. Доколку се близначиња или тројка добиваат по ист износ.
Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.
-Добро утро… и со добрата вест дека 23.342 деца кои им донесоа радост на своите семејства оваа година, дојдоа на свет заедно со бебешкиот бонус, благодарение на нашата поддршка за секое новороденче. Ви посакувам убав викенд, напиша Рама.
Со цел поттикнување на наталитетот Владата донесе програма за еднократен паричен надоместок за новороденче, која почна да се реализира од јануари 2019 година.
Доколку се има предвид бројката на новородени деца во Албанија, објавена од Институтот за статистика, што е околу шест илјади, произлегува дека само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја.
Ново на Сител
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
