„Година на мајмунот“ на Московскиот филмски фестивал
- Филмот „Година на мајмунот“ по режија и сценарио на Владимир Блажевски денеска ќе ја има својата интернационална премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал.
Филмот е во рамки на официјалната програма на Московскиот филмски фестивал. Московскиот е вториот најстар филмски фестивал на светот, веднаш по Венецискиот, постои од 1935 година и е дел од А листата на фестивали.
Како дел од програмата на специјални проекции на овој престижен филмски фестивал, „Година на мајмунот“ ќе има свои прикажувања денеска во 18 часот и утре во 16 часот.
Филмот ја имаше својата домашна премиера минатиот четврток на отворањето на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал. Се снимаше во 2016 година како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од Еуримаж, на околу 80 различни локации низ Македонија.
Главната улога во филмот ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска. „Година на мајмунот“ е на редовен репертоар во киното „Синеплекс“.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила