-->
-->
Го прифатија поразот: Братот, војводата и генералот не освоија ниту еден пратеник
-->

Коалицијата ВМРО за Македонија која ја основаа Георгиевски, Бошковски и Ангелов не освои ниту едно пратеничко место.
Според информациите од Државната изборна комисија оваа партија на деветтите парламентарни избори освои 24.449 гласови.
Стојанче Ангелов на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и кои гласот го дале за неговата партија.
Тој посочи и дека во следните неколку дена ќе ги соопштат идните активности на нивната коалиција.
„Кампањата заврши, изборите исто така. Полека се враќаме на нормала. Иако нашата коалиција не освои ниту еден пратеник сепак освои 24.500 гласови и се наметна како трета политичка опција во Република Македонија“, напиша Ангелов на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
