Главната карневалска вечер на Струмичкиот карневал на 9 март
Главната карневалска вечер на годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржи на 9 март, а трите главни карневалски денови се на 8, 9 и 10 март.
Со традиционалниот маскенбал на 8 март и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка на 9 март на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.
Според членот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Ванчо Ристов Патриков, се очекува учество на голем број карневали од странство.
-Очекуваме повеќе од 700 гости од земјите во регионот. Оваа година чекаме гости од Германија и секако учество на карневали од нашата држава, но и учесници од Струмица, кои секоја година го подигнуваат нивото на карневалските креации за скалило погоре, рече Патриков.
Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 10 март на плоштадот во Струмица, а на 11 март е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.
Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 12 март. Карневалските празнувања ќе завршат на 13 март со одбележувањето на тримерските обичаи.
Ново на Сител
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

