Ѓукановиќ: Крадец сум, бидејќи им ја крадам илузијата за „голема Србија“
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право дза тоа, затоа што тој ја краде нивната илузијан која се вика „голема Србија“.
– Тие сметаат дека сум одговорен за тоа што спречив да бидат добри извршители на туѓиот проект од 2016 година. Веројатно сметаат дека сум одговорен што се обидуваат да го злоупотребат прашањето за религијата и да го искористат за големосрпски идеи, рече Ѓукановиќ на прес-конференција со хрватскиот колега Зоран Милановиќ во Цетиње.
Тој додаде дека е достоен во намерата да ги брани основните вредности на Црна Гора.
– Стојам на браникот на таков план. Мислам дека го тестиравме во 90-тите, што заврши трагично, ако сме глупави да дозволиме повторно да се случи. Ние го браниме европскиот вредносен систем и сè додека сме на таа платформа, се чувствувам многу пријатно, рече Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
