-->
-->
Ѓорѓиоски: Скопје и Македонија беа центар на светската спортска јавност
-->
По одржаниот натпревар во Супер купот на УЕФА до јавноста се обрати и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски. Обраќањето го пренесуваме во целост.
- Во мое лично име и во име на Фудбалската Федерација на Македонија би сакал да се заблагодарам на сите што беа вклучени и помогнаа во организацијата и реализација на УЕФА Супер Купот - Скопје 2017. Сакам да се заблагодарам на целата нација за крајно културниот и етички однос, за спортското навивање и трпение во деновите на настанот, на спортската јавност и на медиумите за професионалното информирање, на сите инволвирани поединци, институции и деловни субјекти, како и на вработените во ФФМ без чија посветеност и професионализам немаше да успееме да организираме еден ваков фудбалски спектакл на толку високо ниво.
Како Претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, би сакал особено да се заблагодарам на УЕФА за укажаната доверба и поддршка во реализацијата.
Огромна благодарност до иституциите на Владата на Република Македонија и на градот Скопје, во нив најдовме партнер кој посветено работеше и беше дел од организација на најголемиот настан во независна Македонија.
Покажавме дека иако сме мала федерација и мала нација, можеме да организираме врвен спортски настан, на што сме особено горди.
Скопје, Македонија неколку дена беа центар на светската спортска јавност. Беа емитувани бројни репортажи за нашиот главен град и за нашата земја, што нè промовираат во најдобро светло.
УЕФА Супер Купот - Скопје 2017 заврши. Впечатоците уште ќе ги средуваме, а превземените активности дополнително ќе ги евалуираме.
Она што искрено посакувам е овој настан да биде голем дополнителен импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот.
За промовирање позитивни вредности во нашето општество за социјално и општествено вклучување.
Неколку дена живеевме и разговаравме само за спорт, се дружевме со луѓе од цел свет, се чувствувавме посебно, наградени.
УЕФА Супер Куп натпреварот од „Телеком“ арената во Скопје се пренесуваше во живо во 216 земји (49 во Европа и 167 низ светот), од 280 ТВ станици, а го гледаа над 200 милиони луѓе од целиот свет
Се надевам дека и во иднина ќе имаме можност, повторно да организираме сличен, голем спортски настан. Покажавме дека можеме, дека знаеме, па зошто да не!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
Во Прилеп 10-годишно девојче прегазено од нејзиниот 7-годишен брат
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро