-->
-->
Ѓорческа ја продолжи серијата победи во Врњачка бања
-->
Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Врњачка Бања (награден фонд 10.000 долари). Таа денеска во четвртфиналето ја совлада Џулиета Естабле од Аргентина (петта носителка) со 7:6 (7:5) и 6:3 во сетови. Ѓорческа на турнирот е рангирана како прва носителка.
Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против победничката од четвртфиналето меѓу Габриела Хорачкова (Чешка) и Кристина Милетиќ (Србија).
Ѓорческа попладнево после 16 часот ќе игра и во финалето на двојки. Таа и Шантал Скамлова (Словачка) се први носителки и ќе играат против српските тенисери Марина Лазиќ и Бојана Маринковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори