-->
-->
Ѓоковиќ го откажа Пекинг
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на АТП турнирот во Пекинг. Ѓоковиќ во Пекинг победуваше во изминатите четири години, а се повлече од турнирот поради повреда на лактот.
„Чајна Опен е еден од моите омилени турнири. Тука имав многу успешни резултати и се радувам што и во иднина ќе настапувам тука“, рекол српскиот тенисер за официјалната интернет страница на турнирот.
Ѓоковиќ цело лето има проблеми со повредите, недоволно рехабилитиран настапи на УС Опен, каде во финалето загуби од Вавринка во четири сета.
Ѓоковиќ во кинеската престолнина во кариерата има освоено шест титули, тој е непоразен во Пекинг веќе четири години, а во тој период забележал 29 победи.
Турниот од серијата 500 во Пекинг се игра од 3. до 8.октомври, а наградниот фонд изнесува 2.916.550 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023