Ѓилас: Власта во Србија ќе биде сменета за година и пол дена
Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денес изјави дека е сигурен дека во следните година и половина, ќе додје до промена на власта во Србија на сите нивоа.
Ѓилас во интервјуто за агенцијата Бета изјави дека неговиот оптимизам се темели првенствено на фактот дека луѓето го надминале стравот и дека повеќе не сакаат да живеат во земја во која највисоките функционери се поврзани со организиран криминал и корупција.
Тој процени дека до крајот на следната година ќе бидат распишани изборите на сите нивоа, „бидејќи сегашната состојба, во која еден човек и една партија имаат неограничена моќ – е неодржлива и ја води Србија во провалија“.
-Оваа влада се однесува како никогаш да неме да осамне нов ден. Последен час е од Србија да создадеме нормална држава во која ќе се владе согласно Уставот и законите и во која системот на вредности во сите области нема да биде на ниво на Задруги и Парови (ријалити програм), изјави претседателот на ССП.
Ѓилас ја истакна важноста на можниот договор меѓу власта и опозицијата под покровителство на Европскиот парламент и условите под кои опозицијата ќе излезе на избори.
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
-

Во Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи
