Ги роди ама тие сепак не се нејзини деца, на суд мораше да ја бара вистината

Лидија Ферчајлд се шокираше кога дозна дека не е биолошка мајка на своите деца, иако ги родила сите три. Потоа морала да се брани од немилосрдната бирократија откако е обвинета за обид за измама на социјалната помош и илегално сурогатство.
Таа напавила ДНК тест по разводот од мажот и поднела барање за социјална помош. Но тестирањето покажало дека таа воопшто не е мајка на своите деца.
Социјалната служба потоа ја обвини за обид за измама на системот за социјална помош, како и за илегално носење на туѓо дете. Иако сведоци од службата присуствувале на нејзиното трето породување, верувале дека била сурогат мајка за некој друг.
-Знам дека ги носев и знам дека ги родив. Немав никаков сомнеж, рече Ферчајлд.
-Седев навечер и вечерав со децата и едноставно ќе се расплачев. Само ме гледаа и прашуваа што не е во ред. Ќе дојдеа да ме гушнат, а јас не можев да им објаснам, зошто и јас не разбирав, вели таа.
По три судски рочишта, нејзиниот адвокат се сети на личниот случај во кој дете немало ДНК која се поклопува со мајчината, зошто мајката била химера.
Генетскиот химеризам е ретка појава кога лицето се раѓа со делови од тело кои всушност му припаѓаат на нивниот нероден близнак.
Секоја осма бременост всушност почнува како бременост со повеќе ембриони, но во повеќето случаи само еден се развива во плод.
Деловите од пропаднатиот ембрион можат во мал број случаи да се спојат со успешниот, па се развива фетус со два сета ДНК, кој може да варира од одган до орган.
Во некои случаи луѓето можат да имаат поинаква боја на очите, дамки по телото, а некогаш и цел репродуктивен систе, - или само јајник - може да биде наследен од неродениот близнак.
Откако нејзиниот адвокат побарал дополнителни тестови, судот утврди дека таа навистина има химеризам, па сите обвинувања се отфрлени.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
