Македонија
7. јуни 2023 - 16:31

Германските инвеститори незадоволни од економската состојба во државата

Германските инвеститори незадоволни од екомската состојба во земјава. Проблем е што поголемиот дел од нив не очекуваат таа да се подобри. Само 9% се оптимисти дека работите ќе одат на подобро.

За германските компании голем проблем е и недостатокот на работна сила. Сметаат дека е во ред платите да растат, но предупредуваат дека паралелно со нивниот раст треба да се подобрува и продуктивноста.

Германскиот заменик-амбасадор има забелешки и за иселувањето. Според него, загаденоста на животната средина, здравството, ниските плати, но и образовниот систем се главни причини поради кои луѓето си заминуваат од Македонија.

Вели, интерес за работа во Германија нема само туку, туку во целиот регион. Но сугерира дека проблемот со ислелувањето мора и може да се реши зашто има доста фирми сакаат да прават бизнис тука.

Граф потенцираше дека ќе има повеќе германски инвестиции ако реформите бидат појасни.

И покрај предизвиците во стопанството има позитивни показатели, кои укажуваат на задоволството на присутните инвеститори. Ова, според анкетата, го поткрепува фактот што 80 отсто од анкетираните компании повторно би ја избрале Македонија за инвестирање

Анкетата е спроевдена во фервуари и март на 45 учесници од 155 членки.