Свет
5. October 2015 - 16:01

Германскиот претседател во посета на САД

Германскиот претседател Јоахим Гаук е во посета на САД, што е прва посета на еден германски претседател на Вашингтон по 18 години.

Предвидено е Гаук в среда да има 50-минутна средба со американскиот претседател Барак Обама. 

Последна средба во САД на германски претседател беше пред 18 години, кога во Белата куќа се сретнаа Роман Херцог и Бил Клинтон. 

Гаук во 2013 година го прими Обама во дворецот Белви во Берлин.