Германски виролог предупредува на втор бран на коронавирусот во зима

Истакнатиот германски виролог Кристијан Дростен предупреди за втор бран на коронавирусот што може да се појави во зима.
Раководителот на берлинскиот институт за вирологија во изјава за австрискиот јавен сервис ОРФ, рече дека пандемијата не треба да се смета за поразена.
– Ние сме во средина на развојот на ситуацијата, ако не и на почеток, изјави Дростен.
Зборувајќи за различните начини на борба, за постепеното олабавување на мерките што веќе се применува во Австрија, тој рече дека Австрија била построга во своите мерки од Германија.
Во врска со Шведска, која одеше по сопствен пат, тој рече дека таму постои закана за промена на ставовите поради зголемувањето на бројот на смртни случаи.
– Можеби деновиве гледаме благ показател за повторно зголемување на нови инфекции, рече Дростен, велејќи дека тоа се должи на велигденските празници кога граѓаните, и покрај потребата за социјална дистанца, не се придржуваа толку строго на мерките.
Тој советува луѓето колку што е можно подолго да се задржуваат под ведро небо, а не во затворени простори, бидејќи на отворено има многу малку шанси за инфекција.
Дростен го спореди новиот коронавирус со шпанскиот грип.
Според него, оваа пандемија не може да се спореди со сезонскиот грип.
Дростен очекува релаксација во текот на летото, но зимата би можела да донесе втор бран, кој би можел да биде и посилен од сегашниот.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
