-->
-->
Германски суд осуди милитанти за планирање напади врз бегалци
-->

Судот во Минхен денеска казни со затворска казна од 3 до 5 години четири членови на крајно десничарска организација за формирање на „терористичко здружување“ со расистички и анти - семитистички цели, јавуваат локалните медиуми.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин осудените меѓу кои има и една жена планирале напади врз странци конкретно на сместувалишта за бегалци. Сите се членови на организацијата „Општество од стар ков“ основано во 2014 година кое што вкупно имало околу 30 членови, се вели во изјавата на судот во Минхен.
Двајца од осудените откако во 2015 година се радикализирале илегално набавиле експлозив во Чешка кој што го чувале во домот на еден од членовите на групата. Според одлуката на судот апсењето на четворицата во јуни 2015 година спречило терористички напади со човечки жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
