Германската екстремна десница бара да се заборават злосторствата на нацистите

Лидерот на огранокот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во покраината Туринген, предизвика бурни реакции меѓу германските граѓани со неговите антисемитски пораки и обидот да ги оправда нацистите.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, на партиски собир во Дрездeн, лидерот на покраинскиот огранок на АФД, Бјерн Хеке ја осуди „германската култура на сеќавање на нацистичките злосторства“ и го критикуваше споменикот на Холокаустот во Берлин.
Според Хеке, неговата земја треба да прекине со потсетување на злосторствата сторени од нацистите на Хитлер, што, според него, е „глупава политика на повторување“ и да го смени за 180 степени својот однос кон минатото.
- Ние Германците сме единствени што поставивме споменик на срамот во срцето на главниот град, изјави Хеке во врска со споменикот на Холокаустот во Берлин.
За Хеке, чија партија сега има пратеници од 11 германски покраински парламенти и има рејтинг од околу 15 проценти на федерално ниво, германската канцеларка Ангела Меркел е „копија“ на последниот лидер на Источна Германија. Ерих Хонекер, кој што беше суден за убиствата на лицата кои бегаа од Источна во Западна Германија и за кршење на човековите права во комунистичкиот систем.
За своите споредби на сојузничкото бомбардирање на Дрезден со фрлањето на атмомските бомби во Хирошима и Нагасаки, Хеке од присутните млади членови на неговата партија доби громогласен аплауз. Според него, денацификацијата и бомбардирањето на Германија од сојузниците ги откорнале германските корени.
Вчерашниот настап на Хеке освен на социјалните мрежи беше осуден и од политичарите од сите други партии, кои сметаат дека неговите зборови се незамисливи и дека неговата партија АФД сака да напише нова историја.
Оваа реторика на АФД, која и го донесе третото место според рејтингот на сите политички партии на сојузно ниво, е постојано присутна во јавноста. Во септември член на АФД во Парламентот во Берлин изјави дека нацистите имале законско право да ги убиваат цивилите, затоа што, според него, биле „герилски борци“. Друг висок член на АФД во книга го опиша Холокаустот како „одредена срамна акција“, а негаторите на Холокаустот како дисиденти.
Ново на Сител
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
