-->
-->
Германија сака да купи 30 милиони дози од „Спутник В“
-->
Германија е во преговори со Русија за купување 30 милиони дози вакцина Спутник В откако ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови. Ова го објави премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер.
„Германија преговара за 3 х 10 милиони дози за јуни, јули и август. Неопходен услов за ова е брзото одобрување на вакцината од страна на ЕМА”, објави тој на Твитер. Кречмер објави на социјалната мрежа по состанокот со рускиот министер за здравство Михаил Мурашко како дел од посетата на Москва со фокусот на културните односи со Русија.
Баварија и источната покраина Мекленбург-Западна Померанија објавија дека планираат да купат дози на руска вакцина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај