Германија размислува да го одложи затворањето на термоцентралите на јаглен
– Германската Влада ја разгледува можноста за одложување на плановите за затворање на термоцентралите на јаглен.
Германија имаше поставено како цел до 2038 година целосно да ги затвори капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен.
Заложбите на централно-левичарската коалиција беа тоа да се направи и порано, најдоцна до 2030 година.
Но, конфликтот во Украина доведе до преиспитување на енергетската политика на Берлин.
Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи изготвија плански документ за кој посочуваат оти не значи промена во однапред поставените цели, иако во него се остава како можност одложување на крајниот рок за затворање на термоцентралите на јаглен.
„Сакаме краткорочно да ја намалиме потрошувачката на гас во производството на електрична енергија, на начин што ќе ги имаме на располагање капацитетите на јаглен“, се посочува во документот.
Германија е под притисок да ја намали зависноста од рускиот гас кој во моментот покрива 55 отсто од нејзините потреби.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје