Германија: Најмал број новоинфицирани со Ковид-19 на дневно ниво во изминатите девет месеци
Во Германија регистриран е најмал број новоинфицирани со Ковид-19 на дневно ниво во изминатите девет месеци, поради што официјалните лица ја разгледуваат можноста за релаксирање на правилата во врска со носењето заштитни маски.
Институтот Роберт Кох соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 549 новоинфицирани лица – првпат од 21 септември бројката да е помала од 1.000, иако обично се случува бројките да бидат релативно ниски во однос на викенд затоа што се тестираат помалку луѓе.
Од почетокот на пандемијата во Германија беа заразени повеќе од 3,7 милиони луѓе, а со новите 10 смртни случаи, бројот на починати достигна 89.844.
Со намалување на бројот на заразени, се покрена прашањето за носење заштитни маски. Министерот за здравство Јенс Шпан за новинската група „Фанке“ изјави дека треба да се оди постепено и дека прво треба да се укинат правилата за носење маски на отворено.
Тој додаде дека мерката носење маски во затворен простор може постепено да се укине во области со мал број заразени лица и висока стапка на вакцинација.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација