Германија ќе одговори на протекционизмот на САД
Германија е подготвена да одговори на која било од протекционистичките мерки што ги најавува новата американска Админситрација на претседателот Доналд Трамп, изјави денеска германската министерка за економија Бригите Ципрес.
- Доколку САД се сериозни за воведување на конкретни мерки за заштита на својата економмија, тогаш мора да знаат дека некој ќе мора да преземе контрамерки, изјави Ципрес на собир на претставници на германската индустрија во Берлин.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Ципрес, која доаѓа е од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и која минатиот месец го замени новиот шеф на германската дипломатија Зигмар Габриел на местото министер за економија, минатата недела изјави дека политиката на американскиот претседател Трамп се движи во „целосно погрешен правец“ и дека ќе им нанесе повеќе штета на САД.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје